7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Велес, најверојатно има жртва

Според информациите едно возило од засега непозната марка со скопски регистерки ознаки излетало од патот.

Неофицијално, во несреќата едно лице го загубило животот. На терен присутни се и возила на Итна медицинска помош. Не е познато колку лица имало во излетаното возило.

Од МВР за Курир само потврдиле дека е случена сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, но повеќе информации не откриваат. Велат, по завршување на полицискиот увид кој е во тек ќе бидат познати повеќе детали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.