Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 11:30 часот се случила во скопската населба Аеродром.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелески“ во Скопје при што дошло до судир меѓу патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Л.Е. од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Д.Л. од Штип.
Во судирот со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната Н.Е. (64) од Скопје, сопатничка во возилото „ауди“. Таа со друго возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош. Возачот во возилото „ауди“, Л.Е. се здобил со телесни повреди, информираат од МВР.
Од полицијата додаваат дека возачот со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.