Тешка сообраќајка во Валандово, еден загинат

Тешка сообраќајка се случила вчера во  10.40 часот на регионалниот пат кај раскрсницата  Дојранска во Валандово, помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Л.П.  од село Куклиш и патничко моторно возило „Застава 128“ управувано од 80-годишниот Т.Г.

–  Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото Т.Г. и сопатникот Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде Т.Г.  им подлегнал на повредите. На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување, соопштуваат од МВР

Полицијата излегла на местото на несреќата.