Тешко повреден гостиварец, паднал од висок ѕид

111

Вчера околу 08.00 часот било пријавено дека А.Ц.(29) од село Долна Бањица, гостиварско, додека изведувал градежни работи во куќата сопственост на Р.А.(50) во село Долна Бањица, паднал и се повредил.

А.Ц. паднал од ѕид на висина од 2,75 метри. Тој бил пренесен во Медицински центар Гостивар, од каде, по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Skin Delight