Тешко повреден пешак во Скопје

На 28.06.2018 годинa во 20,30 часот на улица “Македонска Косовска Бригада” Ф.Љ.(34) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “БМВ” со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот М.Х.(35) од Скопје.

По незгодата со возило на брза помош пешакот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.