Тешко повреден велосипедист во Тетово

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила во средата вечерта околу 23,30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово.

Од полицијата информираат дека 20-годишниот И.Б. од село Селце управувајќи „опел корса“ удрил во велосипед кој го управувал 62-годишниот тетовец Ј.С.

Велосипедистот бил итно пренесен во тетовската болница, каде поради сериозноста на повредите веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.