Тешко повредени велосипедист и пешак во Скопје

Сообраќајната полиција санкционирала 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената,  двајца поминале на црвено светло на семафорите, 15 возачи со помината важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 11 не користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен, како и за 43 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 50 непрописно паркирани возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна за возачи, кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција  „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”  Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници за ученици од второ одделение во ООУ „Партенија Зографски“ во општина Кисела Вода.