Тесла ги предвидел паметните телефони уште пред 90 години

Еден од најзначајните светски научници и иноватори на преминот од 19-от во 20-от век, Никола Тесла е познат по големиот број изуми и патенти во подрачјето на електротехниката и радиотехниката, а особено по примената на наизменичната струја и радиокомуникациите.

Неговите истражувања им претходеа на многу важни откритија во физиката, како рентгенски зраци, електронтеи, космичките зраци и акцелераторските честички, а предвиде и голем број технички изуми на 20-от век – телевизори, радари, модерни турбини и глобален систем на комуникација.

Сепак, еден од помалку познатите факти е дека тој го предвидел е паметниот телефон. Имено, Тесла во интервју од 1926 година вели дека кога ќе биде воведен безжичен систем, „целиот свет ќе се претоври во голем мозок“.

– Ќе бидеме во состојба да комуницираме едни со други независно од оддалеченоста. Не само тоа, туку преку телевизијата и телефонијата ќе се гледаме и слушаме едни со други, како да се наоѓаме лице в лице. А инструментите со кои тоа ќе го правиме ќе бидат едноставни во споредба со денешните телефони. Човекот ќе може да носи таков апарат во џеп, предвиде Тесла пред 90 години.

Уште една од работите кои Тесла во истото интервју ги предвидел е дека мажите „ќе станат инфериорни во однос на жените“.

– Оваа борба за рамноправност на половите ќе заврши со нов режим каде жените ќе бидат супериорни, предвидува Тесла.