„Tesla“ повлекува 579.000 автомобили во САД поради алармот за пешаци

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ повлекува точно 578.607 возила во САД, бидејќи пешаците можеби не се свесни дека возилото им се приближува доколку алармот кој ги предупредува на тоа е претивок, објави во четвртокот американскиот регулатор.

Според одлуките на Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (NHTSA), „Tesla“ во последните четири месеци десет пати повлекуваше одреден број возила.

Компанијата овојпат повлекува дел од „Model S“ произведени од 2020 до 2022 година, „Model X“, „Model Y“ и „Model 3“ произведени од 2017 до 2022 година поради недостатокот во функцијата „Boombox“, кој овозможува звукот од автомобилот да биде испуштен низ надворешни звучници кога возилото е во движење.

Од NHTSA велат дека спорните возила не ги исполнуваат безбедносните стандарди кои се однесуваат на миминалната јачина на алармот за пешаците. Од „Tesla“, пак, велат дека ќе го надоградат софтверот на „Boombox“, а во компанијата велат и дека немаат информации дека поради тие проблеми се случила некоја несреќа.

„Boombox“, воведен во декември 2020 година, користи звучниците кои служат за предупредување на пешаците за надоаѓање на возилото и корисниците може да го прилагодат јачината и видот на звукот.

Според прописите кои ги донесе американскиот Конгрес, производителите на автомобилите мора да ја засилата јачината на звукот кога електричните возила се движат со брзина до 30 километри на час за да ги спречат да налетаат на пешаци, велосипедисти и слепи лица. Елетричните возила кои возат бавно потешко се слушаат отколку возилата со класичен погон на горива. При поголеми брзини, потребата од алармот е помала поради триењето на гумите, отпорот на воздухот и другите фактори.