Тесна победа на Вориорс, Санс во црна серија

Феникс Санс изминатата ноќ го впишаа 14-от последователен пораз, откако со 104:117 беа поразени кај Сакраменто Кингс.

Најдобар во победничката екипа беше рукито Марвин Багли Трети со 32 погодока, додека Чивано Рејнер „Бади“ Хилд додаде 18 коша. Најдобар кај Феникс, пак, беше Девин Букер со 27 коша и осум скокови.

Голден Стејт Вориорс тесно со 120:118 ги победија гостите Мајами Хитс, и тоа благодарејќи на Демаркус Казинс кој погоди две слободни фрлања по промашувањето на Кевин Дјурант на 5,4 секунди пред крајот. Дјурант беше најдобриот стрелец на мечот и кај Вариорс со 39 коша, Клеј Томпсон додаде 29, а Стеф Кари 25 поени. Џош Ричардсон мечот го заврши со 37 поени за Хитс, која е единствената екипа во НБА која има поголем сооднос на победи и порази на гости отколку на домашен терен.

Младиот Словенец Лука Дончиќ одигра уште еден одлучен натпревар, и во победата на неговите Далас Маверикс над Портланд Трејл Блејзерс од 102:101 постигна 28 коша. Дончиќ само во последната четвртина постигна 13 кошеви со што Далас дојде на разлика 96:81. Новиот член на Маверикс, Тим Хардавеј помладиот, мечот го заврши со 24 поени, а најдобар поединец на Портланд беше Демиен Лилард со 30 кошеви.

РЕЗУЛТАТИ:

Далас Маверикс – Портланд Трејл Блајзерс  102:101

Филаделфија 76ерс – Лос Анџелес Лејкерс   143:120

Сакраменто Кингс – Феникс Санс                  117:104

Атланта Хокс – Орландо Магија                    108:124

Голден Стејт Вориорс – Мајами Хит               120:118

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

1. Торонто 41 16
2. Филаделфија 36 20
3. Бостон 35 21
4. Бруклин 29 28
5. Њујорк 10 45

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 41 14
2. Индијана 37 19
3. Детроит 25 29
4. Чикаго 13 43
5. Кливленд 11 45

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Шарлот 27 28
2. Мајами 25 29
3. Орландо 25 32
4. Вашингтон 24 32
5. Атланта 18 38

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 37 18
2. Оклахома Сити 36 19
3. Портланд 33 22
4. Јута 32 24
5. Минесота 25 30

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. Голден Стејт 40 15
2. ЛА Клиперс 31 26
3. Сакраменто 30 26
4. ЛА Лејкерс 28 28
5. Феникс 11 47

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Хјустон 32 23
2. Сан Антонио 32 26
3. Далас 26 29
4. Њу Орлеанс 25 32
5. Мемфис 23 34