Тесно во Каталонија, сепаратистите имаат мнозинство

Каталонската социјалистичка партија (PSC) на донеадамнешниот шпански министер за здравство Салвадор Иља Рока освоила поединечно најмногу гласови на парламентарните избори одржани во неделата во Каталонија, но недоволно самостојно да владее, па веројатно е дека партиите за независност ќе формираат коалиција и ќе останат на власт.

Партиите кои ја заговараат независноста на Каталонија освоиле 74 места во покраинскиот парламент, а партиите кои се за одржување на целоста на Шпанија добија 61 пратеник.

Каталонските социјалисти, кои се за унитарна шпанска држава со 23,02 отсто од гласовите добија 33 пратеници во парламентот со 135 мандати, а за формирање на владата потребни се 68 гласови.

Имајќи предвид дека PSC тешко може да ја добие поддршката од другите партии а мандатите на потенцијалните коалициски партнери се недоволни, многу е веројатно дека новата влада ќе ја формираат двете партии за независност, Каталонската републиканска левица (ERC) која освои 21,31 отсто и исто така 33 пратеници и од десниот центар Заедно за Каталонија (JxCat) која со 20,07 отсто од гласовите има 32 мандати.

Истовремено антикапиталистичката партиска за независност Кадидатура на народното единство (CUP) освоила 6,68 отсто од гласовите, односно 9 пратеници.

Значаен успех постигна десната сешпанска партија Vox со мотото „Да ја вратиме Каталонија“, која првпат влезе во парламентот на Каталонија, како четвртопласирана со 7,69 отсто од гласовите или 11 пратеници.

ERC е партијата на поранешниот каталонски претседател на владата Ориел Жункерас, осуден на 13 години затвор поради организирање на референдумот за самостојност од октомври 2017 година, кој Шпанскиот врховен суд не го дозволи, а JxCat е партија на порашенкиот покраински челник Карлес Пучдемон кој поради истата причин со неколку соработници се наоѓа во егзил во Белгија.

Така споменатите три партии кои сакаат прогласување самостојна Република Каталонија заедно имааат 74 места во парламентот, па се претпоставува дека ќе ја продолжат соработката во коалицска влада. Бидејќи во изминатиот период имаше остри тонови меѓу овие партии, веројатно договарањето на идната каталонска влада нема да оди брзо и лесно.

Изборите го одбележа, како и минатите години, поделбата на гласачите и партиите кои ја заговараат самостојноста на Каталонија и на оние кои се покраината да остане во составот на Шпанија. Поради пандемијата на коронавирусот на изборите излегоа 53,38 отсто од гласачите во покраината со 7,5 милиони жители, додека на минатите избори во 2017 година одѕивот на избирачите изнесуваше рекордни 82 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.