Тест на пратеници и вработени во Собранието на Ковид-19, комисијата за буџет одложена

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцнски вчера објави дека е позитивен на ковид-19.

Од Собранието информираат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето брис од страна на Институтот за јавно здравје на вработените во Комисијата и на дел од пратениците, кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски.

– Веднаш штом пристигнат, истите ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата – соопштија од Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.