Тестаментот на принцот Филип ќе остане тајна најмалку 90 години

Тестаментот на британскиот принц Филип, односно војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години поради заштита на „достоинството и позицијата“ на кралицата, одлучил судот.

Станува збор за традиција долга повеќе од еден век, имајќи предвид дека по смртта на член на британското кралско семејство од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува BBC.

Тоа значи дека за разлика од повеќето тестаменти, тие не се достапни за јавноста. По 90 години ќе се одржи приватен процес на којшто ќе се решава дали завештанието може да се отпечати.

Сослушувањето за барањето за запечатување на тестаментот во јули во приватност го одржал сир Ендрју Мекферлан, највисокиот судија во Семејниот суд.

Тој ги сослушал аргументите на адвокатите кои ја застапуваат сопственоста на покојниот војвода, како и аргументите на државниот обвинител и во четвртокот ја објавил својата одлука.

Сир Ендрју појаснил дека тој, како претедател на Одделот за семејство на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 коверти, кои секој содржи запечатено завештание од починат член на кралското семејство. И првпат по повеќе од стотина година покренал процес кој би овозможил тие да бидат објавени.

Принцот Филип почина во април годинава на возраст од 99 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.