Тестаментот на Синиша Михајловиќ во рацете на семејството – еве што ќе добие неговиот вонбрачен син!

Фудбалската легенда Синиша Михајловиќ минатиот петок ја загуби битката со леукемијата, а зад себе ги остави сопругата и шесте деца меѓу кои има и вонбрачен син кој не живеел со него.

Како фудбалер, но и тренер познато е дека тој во текот на целиот живот и кариера се стекнал со големо богатство кое ќе го наследат неговите наследници.

Според медиумите кои и порано пишувале за неговиот имот, тој поседувал стан во Рим, вила надвор од градот како и планинска куќа, а поради тоа што цената на овие недвижности не е мала тој оставил и тестамент.

Без оглед на тестаментот богатството и имотот мора да се подели и со вонбрачниот син на Михајловиќ, а тука е секако и сопругата Аријана, ќерките Викторија и Вирџинија и синовите, Мирослав, Душан и Николас, пренесува италијанскиот весник „Corriere Adriatico“.

Инаку Марко, вонбрачниот син на Михајловиќ го запознал својот татко кога имал единаесет години иако фудбалерот настојувал со него да се запознае кога ќе наполнел 18 години.

На иницијатива на Аријана тие стапиле во контакт порано и се воспоставило како добра одлука.

-Го признав и прифатив да го издржувам и да му го плаќам школувањето. Ми беше тешко и срцето ми се кинеше кога и да помислев на него. Мораше да бидам цврст и истраен во намерата да не се гледаме до неговото полнолетство, за потоа како возрасни луѓе зборуваме за се и да изградиме цврст однос, истакна во една прилика Синиша со огромна доза на емоции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.