Тестирано семејството на починатиот од коронавирусот од Чаир

Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе, напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кому посмртно бил дијагностициран Ковид-19“, пишува Филипче.

Министерството за здравство вчера соопшти дека за овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информирал дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.