Тетова Сот: СДСМ против изборот на Албанци во Апелациониот суд

Изборот на шест судии во Апелациониот суд Скопје пропадна по прекинот на седницата на Судскиот совет и паузата се претворила во колективна паника бидејќи постојано стигнуваа телефонски повици.

Како што дознава Тетова Сот, судијка македонка од внатрешноста, поточно од Струмица, била најгласна против изборот на Албанци во Апелациониот суд, при што албанските членови на Судскиот совет, користејќи бадеднтерово мнозинство , го спречиле надгласувањето и етничката селекција на судии.

После интервенцијата на албанските членови од Судскиот совет, дознаваме дека започнале телефонските повици од членови на СДСМ кои бараа избор на нивни блиски членови, но потребното бадентерово мнозинство за избор на судии не дозволи партиски избор.

Од кабинетот на Здравев велат дека седницата за назначување судии во Апелациониот суд Скопје е одложено на неопределено време. Според нив,  немало доволна координација за кого би го дале својот глас членовите на Судскиот совет од овие 96 кандидати.

На прашање дали тоа значи дека во Судскиот совет првин се договараат да наместат судии, па потоа само ги верификуваат со глумење гласање на седница, претседателот Здравев рече дека со ова разногласие меѓу нив, но и желбата на сите 96 кандидати да бидат избрани. Тој кажа дека тоа е најлошата варијанта за Апелациониот суд Скопје, кој е најпренатрупаниот суд во државата, кој 5 години чека да бидат избрани најдобрите кандидати за да работат.

„Не можеме за таму да си дозволиме луксуз да избереме какви било кандидати, а тие што вредат да ги изгориме“, рече Здравев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.