Тетовчани го блокираа патот револтирани од лажните ветувања на Владата

Жителите на селото Порој во петокот го блокираа патот Тетово – Јажинце незадоволни од работата на централната и локалната власт. Тие се изреволтирани поради нечистењето на коритото на реката во Порој, каде пред два месеци имаше поплави.

Жителите велат дека сегашната состојба е многу поопасна отколку што беше пред поплавите поради тоа што не се преземени долгорочни мерки.

„Се собравме денеска да го изразиме нашиот револт и незадоволство за нивното незамерување од страна на локалната и централната власт. Иако тие ветија пред медиумите и граѓаните дека ќе преземат мерки за чистење на коритото на реката и долготрајните мерки за спречување на можни поплави во иднина. Како што може да забележите, коритото на реката не го исчистија, а да не зборуваме за долготрајните мерки. Моменталната ситуација е многу поопасна одошто пред поплавите“, изјави жител на селото.

Мештаните се гневни на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски поради тоа што сѐ уште не е изграден мостот во селото.

Жителите велат дека Министерството за земјоделство и ресорниот министер, Љупчо Николовски сѐ уште нема исплатено отштети на земјоделците за уништените посеви.

Мештаните се гневни и на министерот за финансии, Драган Тевдовски се уште нема обезбедено финански средства за да им се помогне на овие луѓе.

Револтирани се и локалната и централната власт, бидејќи градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, и премиерот Зоран Заев не преземале никакви мерки за санација на последиците од поплавите.