Тетовчанец правел скара па предизвикал пожар

Тетовчанец викендов правел скара на отворено, па предизвикал пожар.

Во 13.15 часот кај место викано „Голгота“, атар на селото Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода 44-годишниот Ф.Н. од Тетово.

МВР информира дека околу 12.00 часот, на наведеното место, запалил оган за скара, кој се проширил, зафаќајќи површина на сува трева.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.