Тетовчани в четврток ќе протестираат поради високата цена на струјата

47

Граѓаните на Тетово за в четврток најавија протест на кој како што велат ќе го изразат револтот од одлуката на Регулаторната комисија за енергетија да се зголеми цената на струјата. Преку протестот ќе побараат да се укине регулаторното тело, за кое како што потенцираат од Иницијативниот совет на протестот, служи само за интересите на компаниите кои имаат бизниси со енергетика.

Инаку, претходно на зголемувањето на цената на струјата реакции имаше и од повеќе синдикати, здруженија, а реагираа и политичките партии, па така Коалицијата Алтернатива/Алијанса побараа намалување на цената веднаш.

– Бараме цената на електричната енергија да се намали за 20% најмалку, за да се олесни состојбата на граѓаните додека се уште трае кризата со корона вирусот, велат од Коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Во текот на изминатата недела, РЕК одлучи цената на струјата да биде повисока за 7,4 отсто, а прва сметка со нова цена ќе биде добиена во септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.