Тетовци расчистувале сметки со ножеви и пиштоли

Студено и огнено оружје било употребено во физичката пресметка меѓу две групи возрасни мажи во Тетово, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се сличил во четвртокот рано вечерта поо 20 часот на улицата „Страшо Пинџур“ кога биле лишени од слобода 28=годишниот Е.Љ., 53-годишниот М.Љ., и двајцатa од тетовското село Порој, како и 35-годишниот Б.Ф. од селото Мала Речица, тетовско, и 37-годишниот Е.Л. од Тетово. Тие биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, а по претходна расправија меѓу Е.Љ. и М.Љ., од една страна, и Б.Ф. и Е.Л. од друга страна.

Во физичката пресметка Е.Љ. употребил остар предмет, додека Е.Л употребил пиштол, за кој поседувал дозвола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.