Тетовец ја ограбил девојка си, украл накит вреден над 770.000 денари

Скопјанка остана без вредниот златен накит, ја ограбило момчето.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 26-годишниот С.П. од Тетово си заработил криивчна пријава бидејќи  ја ограбил девојка си.

Според полицијата, вчера додека и бил на гости во нејзиниот дом во  скопската населба Ѓорче Петров, тој ја ограбил. Крадец искористил погоден миг и украл разновиден златен накит, вреден околу 770.000 денари.