Тетовец ја пробол сопругата со нож

Тетовецот А.Б.(49) се обидел да ја убие својата сопруга со нож, па ја однел во болница, информираше МВР.

Полицијата поради постоење основи на сомнение против него поднесе кривична пријава за убиство во обид.

Според МВР, на 01.09.2018 година во 7.55 часот во ПС Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 7 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница.
После тоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.