Тетовец намерно ја прегазил поранешната сопруга

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(42) од Тетово кој намерно ја удрил со возило својата поранешна сопруга.

Пријавениот ја пресретнал неговата поранешна сопруга која се движела по улица по што со возило ја удрил, од кој удар паднала и се здобила со телесни повреди.