Тетовец повреден со нож

тетовец

Како што соопшти МВР, вчера во 22:45 часот во СВР Тетово, повредениот пријавил дека истиот ден околу 20 часот, по кратка расправија, физички бил нападнат од двајца четиринаесетгодишни малолетници. Истите со нож му нанеле видливи повреди во пределот на десната страна од главата и левата рака.

На повреденото лице му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово.

Во СВР Тетово биле повикани родителите на децата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.