Тетовец со автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб

Маж од Тетово е тешко повреден откако доцна попладнето во понеделникот автомобилот во кој тој бил сопатник излетал од коловозот на локалниот пат село Фалише – Тетово и удрило во бетонски столб.

Како што соопшто Министерството за внатрешни работи, несреќата се случлила околу 18,15 часот на локалниот пат кога патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Ш.А. од Тетово, изгубило контрола и удрило во бетонски столб.

По незгодата, сопатникот 36-годишниот С.М. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.