Тетовец со пушка си го одзел животот

Педесет и седумгодишен тетовец претпладнево си го одзел животот пукајќи си со ловечка пушка, информираат од СВР-Тетово.Случајот го пријавила неговата жена С.А (57) која во нивниот стан на улица „Благоја Tоска“ во Тетово го пронашла мртов сопругот Р.А (57).

Екипа од СВР-Тетово, јавен обвинител и лекар по судска медицина извршиле увид, при што било утврдено дека во дневната соба од станот се наоѓа безживотното тело на Р.А.,со влезна стрелна рана во градниот кош.