Тетовец со своето „бмв“ влета во ресторан

Тетовец со своето „бмв“ влета во ресторан

Дваесет и четиригодишниот Џ.И. од Голема Речица вчеравечер со својот автомобил „бмв“ влетал во ресторан на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Несреќата се случила кога Џ.И. поради брзо возење, изгубил контрола над БМВ-то, по што удрил во три паркирани возила, две “Голф“ и „Шевролет“, по што влетал во ресторанот.

Од ударот полесно повредени се Џ.И. и возачот на паркираниот „Шевролет“Ш.Х.(31) од Шипковица кој во моментот на несреќата бил во автомобилот.

По укажаната лекарска помош, двајцата се пуштени на домашно лекување. Полицијата извршила увид, а вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.