Во тетовско Лавце во средата е уаспен триесетгодишен маж, кој е осомничен дека претходно месецов во Тетово од пиштол ранил друго лице во намерата да го убие.
На 22.07.2020 во 11.45 часот во тетовското село Лавце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот Н.Б. од ова село.
Уапсен е поради сомнение дека на први јули околу 18 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово извршил кривично дело „убиство во обид“, пукајќи со огнено оружје и ранувајќи го 40-годишниот тетовец Ш.М..