21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Тетовка: Полицаец не ме пушти да влезам со малолетните деца кои ги донесов на ревакцина, ми одговори „ќе те пукам“

Душица Јаневска од Тетово во Фејсбук групата „Ковид-19 Искуства и совети“ сподели лична случка каде, како што вели, вчера полициски службеник и рекол дека ќе ја пука на вакцинален пункт во Тетово.

-Би сакала да споделам со вас за денешната случка на вакцинален пункт 4 во Тетово. Одам да вакцинирам 2 деца од кои едно со хронична болест на возраст од 13 и 14 години за втора доза. Носам и 2 годишно дете со себе за да не ги оставам децата сами. Закажан термин во 8 и 40, не примаат во 11 и 20. Стигаме на ред поради гужва во 12 часот за на врата полициски службеник да ме турне со грб и да ми каже дека нема да ме прими со децата. На мое прашање како смее да не ме пушти кога и двајцата се малолетни и дека на време известив дека минатиот пат имавме проблеми ми одговори дека мојот син е физички поголем од него и дека негова волја е да не ме пушти. Тогаш со висок тон почнав да викам и да го прашам како смее така да се однесува со мене, одговорот му беше ЌЕ ТЕ ПУКАМ ! Влегов со сила и под притисок на останатите граѓани, пишува Јаневска.

Посочува дека ваквото однесување е тотален срам за државата и вели МВР да сноси одговорност какви луѓе ни водат ред и дисциплина кога не знаат основни закони.

Жената побара совет каде да се обрати за случајот и дали некој од надлежните ќе реагира. Побара и на објавата некој да го означи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.