Тетовка со „хјундаи“ се забила во столб

Тетовка била тешко повредена кога автомобилот што го управува се превртел, вчера на автопатот Тетово-Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 8.40 часот на излез од Тетово. Тогаш автомобил„хјундаи“, што го управувала Т.Н.(39) од Тетово удрил во метална ограда, па во бетонски ѕид од канал за наводнување и се превртел.

Тешкоповредената тетовка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница-Тетово, а потоа во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.