Тетово еден од најзагадените градови во Европа

Тетово и Тузла, индустриски град во Босна и Херцеговина се најдоа меѓу 10-тте најзагадени градови во Европа. Информацијата ја пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на студијата за 2018 година, спроведена од Светската здравствена организација.

Рангирањето е направено врз основа на концентрацијата на отровни честички во воздухот.

Во извештајот се наведува дека загадувањето, меѓу другото, е резултат и на употребата на јаглен за потребите на индустријата, но и на домаќинствата.

Светската банка пак, во својот извештај изнесува на виделина дека годишно во Македонија, како резултат на загадувањето, умираат околу 1.350 лица. Најголемиот број од нив се пациенти со срцеви и белодробни проблеми.

Со слични информации за високата загаденост во Македонија излезе и Светската агенција за животна средина.