Тетово оди на избори за општински совет, најави Касами

Избори за општински совет во Тетово ќе има. Бидејќи завршната сметка не ја изгласа општинскиот совет, тетовци ќе излезат на гласање.

Градоначалникот Биљал Касами рече дека денеска се обратиле до министерството за локална самоуправа.

„По неодамнешниот развој на настаните, особено по состојбата со завршната сметка, веќе го известив Министерството за локална самоуправа за понатамошна постапка, и за тоа што ќе биде со Советот на општина Тетово!? Мојот став е дека граѓаните се уморни од предвремени избори, особено во Тетово, но во овој случај, ако некој се занимава со политика, таму каде што политиката не се прави со одбивање на завршната сметка, тој мора да одговара согласно одговорностите што ги има добиено како советник.“, рече Касами.

Но, на прашањето зошто конечниот извештај на општината не бил изгласан до 31 март, Касами рече дека тој не бил ставен на дневен ред од самите советници.

-По барање на дел од советниците, Советот на општината го одби и не ја изгласа завршната сметка.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски вели дека министерството само ја следи одлуката и констатира дека според законот треба да има предвремени избори за Советот на општината.

Завршната сметка на општина Тетово е ставена на седницата на 7 април, една недела по истекот на рокот утврден со закон. Но, не беше одобрена поради 15 воздржани гласа од советниците на Движењето Беса, Алијанса за Албанците, ВМРО и Движењето „Подобро за Тетово“. „За“ гласаше само ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.