Тетовската полиција искорна 1.203 стебла марихуана

На 13.09.2014 година, службеници од СВР Тетово открија и со соодветна судска наредба искорнаа вкупно 1.203 стебла од растението „канабис сатива“. Најголемиот број од стеблата биле пронајдени на три различни локации, односно парцели во атарот на село Порој, тетовското поточно во месностите „Табачница“ и „Големо дрво“, а 40 стебла биле искорнати на друга локација покрај патот што ги поврзува селата Џепчиште и Требош.

Сите стебла, со различна големина од четириесет сантиметри до два и пол метри, во координација со јавен обвинител, подигнати се и донесени во СВР Тетово. Извесна количина од нив ќе се вештачат и ќе се истражува, кој, кога и како ги засадил на тие површини.

Инаку, овие активности се во рамките на континуираната акција која минатиот и овој месец интензивно ја спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, а во која досега вкупно беа откриени и искорнати околу 3.000 стебла „канабис сатива“, од кои близу 2.000 на тетовското и 1.000 на поширокото гостиварско подрачје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.