14.6 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019

Тетовската полиција со апел да не се пука на свадби

31

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаи на повредени лица и оштетени возила и друг имот. Апелираат и да не организираат огномети на недозволен начин.

Од средината на јуни и во текот на следните два месеци на поширокото Полошко подрачје, се организираат голем број на свадби и други семејни веселби. Во минатото ваквите веселби се карактеризираа со нарушување на јавниот ред и мир, во поголемиот број случаи со употреба на огнено оружје или со нелегално организирање на огномети и употреба на разни видови на пиротехнички средства. Резултат на тоа беа повеќе повредени лица и оштетени возила и друг имот, се вели во апелот на СВР Тетово .

Оттаму соопштуваат дека во периодот што следи ќе има зајакнати контролните активностите со цел да се превенираат и санкционираат ваквите појави

Напоменуваат дека пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и оти глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Освен ова, во зависност од последиците, пукањето може да се смета и како кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена затворска казна од една до пет години, се потенцира во апелот.

На граѓаните им посочуваат дека и организирањето огномети треба да се пријавува во полициска станица или полициските одделенија во реонот каде што ќе се организира. Во зависност од категоријата, организаторите треба да ги преземаат предвидените превентивни мерки за да се избегнат несакани последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.