Тевдовски: И без ребаланс пари за избори има

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференција во Владата го образложи предлогот за ребаланс на буџетот за 2018 година доставен до Собранието и рече дека главната причина за ребалансот е евентуалната одлука за предвремени парламентарни избори.

„Со парите од ребалансот финансиски ќе се поддржат општините во државата, Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и ПИОМ. Најголема релокација на средства има кај општините, за подмирување на доспеани, а ненаплатени обврски“, изјави Тевдовски и додаде дека и без ребаланс, пари за избори има.

Парите предвидени за гасификација и изградба на Клиничкиот центар во Скопје, со ребалансот на Буџетот  што го усвои Владата на синоќешната седница ќе се префрлат на други ставки.

Тој кажа дека со ребалансот на Буџетот за 2018, за кој сега треба да гласа Собранието биде прифатен почетокот на уставните измени, приходите се намалени за една милијарда денари, а трошоците за 1,2 милијарди денари.