Тежок домашен пораз на Сити, хет-трик на Варди

Во третото коло на англиското фудбалско првенство Лестер Сити на стадионот „Етихад“ го победија домашниот Манчестер Сити со 5:2 со три гола на Џејми Варди.

Ова е првпат во 686 натпревари на кои Пеп Гвардиола бил тренер неговата екипа да прими пет погодоци, или првпат по 644 меча неговата екипа да прими повеќе од четири гола, и првпат во 438 домаши дуели пет пати да се тресе мрежата на Манчестер Сити на „Етихад“.

Сити поведе во 4 минута со голот на Ријад Марез, но гостите возвратија со четири погодоци во низа. Три од нив постигна Џејми Варди, во 37 и во 58 минута од пенал и во 54 минута, а еден Џејмс Медисон во 77 минута. „Граѓаните“ малку надежи вратија со голот на Натан Аке во 84 минута, но четири минути подоцна Јури Тилеманс од третиот панал за Лестер погоди за конечните 5:2.

Лестер моментално е на врвот на табелата со сите три победи, додека Манчестер Сити со три бода е 15-ти.

Тотенхем и Њукасл Јунајтед одираа без победник, а гостите извлекоа бод од меналот во седмата минута од судиското продолжение на натпреварот.

„Спарс“ поведоа во 25 минута со голот на Лукас Моура и домашните го одржуваа водството до судиското продолжување, кога Ерик Диер играше со рака во својот шеснаесетник, а сидијата Питар Банкес по асистенцијата од ВАР-собата досуди пенал. Сигурен реализатор беше Калум Вилсон.

Тотенхем од три натпревара собра 4 бодови, а ист ефект има и Њукасл.

Во првиот меч одигран во неделата, Лидс Јунајтед на гостувањето кај Шефилд Јунајтед беше подобар со 1:0. Стрелец на единствениот погодок го постигна во 88 минута Патрик Бамфорд со удар со глава по нафрлувањето на Џејк Харисон.

Бамфорд така се впиша во клупската историја, станувајќи првиот играч на Лидс кој постигнал погодок во секој меч од првите три кола од најсилната англиска лига. Претходно погоди во гостинскиот пораз од Ливерпул од 3:4 и во домашната победа од 4:3 над Фулам.

Лидс, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Ерзан Алиоски, има шест бодови од три меча, а Шефилд е последен без бодови во исто толку натпревари.

Во последниот неделен дуел Вест Хем Јунајтед со 4:0 го декласиран Вулверхемптон. Стрелци беа Џеорд Бран во 17 и 57 минтуа, Раул Хаминез во 66 минута постигна автогол, а во третата минута од судиското продолжение мечот го заклучи Себастиен Халер.

За Вест Хем ова беа првите бодови по двата старните пораза, а Вулверхемптон остана на три бода.