Тежок инцидент предизвика советникот на Заев – го нападнал Игор Дурловски (ФОТО)

Денес во 12 часот советникот на Заев, Филип Андов Сокол (вработен во Владата како советник за младите во Скопје, измислено работно место), вербално му се заканувал на кандидатот за пратеник Игор Дурловски, со навреди и пцовки на политичка основа, викајќи му дека ќе лежи 100 години затвор, а со возилото БМВ со бугарски регистарски таблички му ја загрозил и физичката безбедност во сообраќајот. Дурловски настанот и заканите ги пријавил во надлежната полициска станица, а ќе ги извести и меѓународните претставници во Македонија.

По бројните напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, вели оперскиот пејач и независен кандидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски на својот Фејсбук статус, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.

Дурловски вели дека инцидентот е пријавен во полициска станица, по што очекува да биде покренета соодветна постапка.

„Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.

Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина“, пишува Дурловски.

Инаку Андоновски има интересно минато зад себе. Еднаш беше пукано во него, но и прегази човек со мотор.

На 11 ноември 2017 година на улицата „Антон Панов“ во Општина Кисела Вода од возило со движење биле испукани неколку куршуми, по што возилото со голема брзина го напуштило местото.

Истата година неколку месеци порано Филип Андов е вмешан во сообраќајна незгода во која беше повредено едно лице, откако тој со мотоцикл удрил во човекот кој сакал да премине на пешачки премин.

Андов во јавноста е познат по тоа што пред неколку години со својот џип влета во група граѓани кои протестираа пред седиштето на СДС на Бихаќка, но и дел од насилниците кои го вандализираа Скопје за време на организираните протести од страна на СДС против преименувањето на улиците.

ВМРО-ДПМНЕ во времето на назначувањето за советник обвини дека за Андов постојат и кривични пријави за насилство кои стојат во фиока. Неговиот брат е полицаец, а негови добри пријатели се градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Филип Андов има и полициско досие, уште во 1994 година кога првпат е регистриран во полиција за извршување дело „Предизвикување на општа опасност“. Во 2008 е регистриран и за други четири кривични дела: Надриписарство, Измама – продолжено кривично дело; Фалсификување на исправа и Употреба на исправа со невистината содржина. Четири години подоцна во 2012 година е пријавен за две кривични дела: Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие