Тежок пораз на Фенербахче во Данска во Конференциската лига

Фудбалерите на дански Нордсјеланд убедливо со 6:1 го совладаа турски Фенербахче во натпреварот од 5. коло од групата Х на Конференциската лига и со тоа се искачија на врвот на табелата.

Иако прими дури шест гола, за ниту еден не беше виновен хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ, туку порозната одбрана на турскиот тим која го остави на „стрелиште“ речиси секогаш кога домашните почнуваа контранапад или полуконтранапад.

Така се прослави Швеѓанецот Бенџамин Нигрен кој постигна хет-трик (55, 75, 84), иако во игра влезе дури во вториот дел. За данскиот тим погодија и Лукас Хеј (21), Даниел Свенсон (25) и Кристијан Расмусен (66).

Единствениот регуларен гол за Фенербахче го постигна Миши Батшуаји во 44. минута, а на турскиот тим му беа поништени два гола поради интервенција на ВАР-от, на Шимански поради играње со рака (45) и на Батшуаји (59) поради офсајд позиција.

Нордселанд се искачи на врвот на табелата со 10 бодови, а Фенербахче падна на третото место со девет бода по двата последователни пораза, бидејќи Лудогорец победи со 2:1 на гостувањето кај Спартак Трнава во последните моменти од мечот. Аргентинецот Матиас Тисера му донесе победа на бугарскиот тим во петтата минута од надополнувањето, и Лудогорец сега има девет бода. Во последното коло Фенербахче е домаќин на Спартак, а Лудогорец го пречекува Нордсјеланд.

Пред последното коло првото место во групата и директен пласман во осминафиналето обезбедија Викторија Плзен и грчки ПАОК, кои тоа го направија победувајќи го домашниот Ајнтрахт со 2:1 во Франкфурт. Голманот на ПАОК, Доминик Котарски беше најдобро оценет играч на натпреварот, при што впиша шест одбрани. Најлоша оценка доби Кристијан Јакиќ, кој од 54. минута играше за Ајнтрахт, а потоа во продолжението од две минути заработи два жолти картони за фаули и беше исклучен.

Ајнтрахт без разлика на поразот обезбеди пласман во нокаут фазата од натпреварувањето, а истото го направија и клубовите Лил и Слован Братислава од групата А, Гент и Макаби Тел Авив од групата Б, Клуб Бриж и Бодо/Глимт од Група Д, Астон Вила од групата Е и Фиорентина од групата Ф.

ГРУПА А
Олимпија – Лил 0:2
КИ Лчасвик – Слован 1:2

Табела:
1. Лил                5 3 2 0 7-2 11
2. Слован           5 2 1 1 7-5 10
3. КИ Класвик    5 1 1 3 5-6 4
4. Олимпија       5 1 0 4 2-8 3

ГРУПА Б
Бреидаблик – Макаби ТА 1:2
Гент – Зарја 4:1

Табела:
1. Гент                  5 4 1 0 15-4 13
2. Макаби ТА        5 4 0 1 11-8 12
3. Зора                 5 1 1 3 6-11 4
4. Бреидаблик      5 0 0 5 5-14 0

ГРУПА В
Астана – Динамо 0:2
Балкани – Викторија Плзен 0:1

Табела:
1. Викторија Плзен      5 5 0 0 6-1 15
2. Динамо                    5 2 0 3 7-5 6
3. Балкани                  5 1 1 3 3-4 4
4. Астана                    5 1 1 3 4-10 4

ГРУПА Д
Бодо/Глимт – Лугано 5:2
Бешикташ – Клуб Бриж 0:5

Табела:
1. Клуб Бриж     5 3 1 0 12-2 13
2. Бодо/Глимт    5 3 1 1 10-5 10
3. Лугано           5 1 1 3 6-12 4
4. Бешикташ      5 0 1 4 5-14 1

ГРУПА Е
АЗ Алкмар – Зрињски 1:0
Астон Вила – Легија 2:1

Табела:
1. Астон Вила   5 4 0 1 11-6 12
2. Легија          5 3 0 2 8-6 9
3. АЗ Алкмар    5 2 0 3 7-10 6
4. Зрињски      5 1 0 4 5-9 3

ГРУПА Ф
Чукарички – Ференцварош 1:2
Фиорентина – Генк 2:1

Табела:
1. Фиорентина       5 3 2 0 13-5 11
2. Ференцварош    5 2 3 0 8-5 9
3. Генк                  5 1 3 1 6-5 6
4. Чукарички         5 0 0 5 2-14 0

ГРУПА Г
ХЈК – Абердин 2:2
Ајнтрахт – ПАОК 1:2

Табела:
1. ПАОК             5 4 1 0 12-8 13
2. Ајнтрахт        5 3 0 2 11-5 9
3. Абердин         5 0 3 2 8-10 3
4. ХЈК Хелсинки 5 0 2 3 5-13 2

ГРУПА Х
Нордсјеланд – Фенербахче 6:1
Спартак Тр. – Лудогорец 1:2

Табела:
1. Нордсјеланд    5 3 1 1 17-6 10
2. Лудогорец       5 3 0 2 10-11 9
3. Фенербахче     5 3 0 2 9-11 9
4. Спартак           5 0 1 4 3-11 1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.