Тежок пораз на Работнички од Широки Бријег

Во првиот денешен натпревар од втората АБА лига македонскиот кошаркарски претставник Работнички загуби од директниот ривал за плеј-оф Широки Бријег со 106-77.

Нашиот претставник кој во претходното коло ја прекина низата порази и славеше над Сараево, две четвртини играше рамо до рамо со фаворизираниот противник од БИХ но во третиот период сè се распадна и Широки фати ритам и на крајот убедливо триумфираше.

Во таборот на Работнички најпрецизни беа Балмазовиќ и Питс со по 22 поени, колку што постигна и Томас во редовите на босанскиот тим.