Тежок скандал на македонскиот премиер Заев на Малта

Претставници на Македонската заедница во Малта ја напуштиле средбата со премиерот Зоран Заев кој во моментот е во дводневна посета на оваа земја, поради несогласување околу спорот со името и Законот за двојазичност.

Како што соопштија од заедницата, тие ги потврдиле ставовите дека цврсто стојат против промена на уставното име на Република Македонија, Уставот и против Законот за двојазичност.

„Во текот на средбата, ние, преставниците на Македонската заедница во Малта, ги потврдивме нашите ставови дека цврсто стоиме против промена на уставното име на Република Македонија, уставот и против законот за двојазичност, а неуморно работиме кон промовирање на Македонската кауза и заштита на македонскиот идентитет. Од причина што не наидовме на заеднички ставови при темите на разговор, ние, преставниците на Македонската заедница во Малта одлучивме дека е излишно да се продолжи разговорот кога е повеќе од очигледно дека двете страни застапуваат два сосема различни ставови“, се вели во соопштението кое тие го објавија на својата фејсбук страница.

Исто така, ја искористиле можноста да побараат одговор за протестното писмо кое тие го испратија до премиерот преку министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во март оваа година. Заев потврдил дека го добил писмото, посочувајќи им дека протестирањето и различното мислење се демократско право на секој човек и затоа носи дебата.

По барање на премиерот на Република Македонија, Zoran Zaev, а во склоп на дводневната работна посета на Малта, Македонската заедница во Малта, денес, 29 Мај 2018 година оствари кратка средба со владината делегација предводена од премиерот.
На средбата, Македонската заедница во Малта, која успешно работи веќе 2,5 години и брои над 5000 членови, го искажа своето незадоволство што средбата не се одржа во своите нови простории со цел да ја покаже својата работа и влијание во заедницата.
На средбата, исто така, преставниците на Македонската заедница во Малта, ја искористија можноста да побараат одговор на протесното писмо кое го упатија до премиерот преку министерот за дијаспора Едмонд Адеми во Март оваа година. Премиерот потврди дека го добил писмото и притоа додаде дека “протестирањето и различното размислување се демократско право на секој човек и затоа постои дебата“.
Во текот на средбата, ние, преставниците на Македонската заедница во Малта, ги потврдивме нашите ставови дека цврсто стоиме против промена на уставното име на Република Македонија, уставот и против законот за двојазичност, а неуморно работиме кон промовирање на Македонската кауза и заштита на македонскиот идентитет. Од причина што не наидовме на заеднички ставови при темите на разговор, ние, преставниците на Македонската заедница во Малта одлучивме дека е излишно да се продолжи разговорот кога е повеќе од очигледно дека двете страни застапуваат два сосема различни ставови и притоа предвремено ја напуштивме средбата.
#WeAreMacedonia #OneName #MACEDONIAONLY!