Тијана Дапчевиќ во трка за претставник на Србија на Евросонг 2022

„Љуби, љуби довека“ е песната со којашто пејачката Тијана Дапчевиќ во март ќе настапи на Беовизија и ќе се се бори за да ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија во Италија.

Пејачката на својот Инстаграм профил ги потврди гласините дека е една од потенцијалните учесници кои би можеле да го претставуваат нашиот северен сосед на Евросонг.

„Да, точно е дека ќе настапувам на Беовизија. Имам супер песна со назив ’Љуби, љуби довека‘, за која текстот и музиката ги напиша мојата драга Леонтина Вукомановиќ, аранжманот и продукцијата се на Немања Филиповиќ. Јас на секој фестивал досега настапував за да промовирам песна, па така ќе настапам и на Беовизија. Ќе биде тоа сјајна забава, учествуваат мои сјајни колеги и едвај чекам да ја слушнете оваа песна, бидејќи сум убедена дека ќе ви се допадне“, напиша Тијана Дапчевиќ на Инстаграм.

Инаку, Тијана ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година со песната „To the sky“, но таа песна не ни обезбеди влез во финалето.