Тиаго Силва им се извини на бразилските фанови

Голем удел во последниот срамен пораз на мундијалот има капитенот на Бразил, Тиаго Силва кој направи непотребен прекршик на самиот старт од натпреварот против Холандија, после кој главниот арбитар покажа на белата точка, а ударот во погодок го претвори капитенот на “лалињата”, Робин ван Перси.
Дека е во голем шок, дефанзивецот на ПСЖ покажа со изјавата дека сега не знае како да објасни на својата фамилија дека Бразил го има загубено и натпреварот за третото место.
“Не знам како ќе се вратам дома, не знам како да и објаснам на мојата фамилија дека не успеав, дека не успеа репрезентацијата на Бразил. Многу ми е тешко. Неколку ноќи не спиев по мечот против Германија, а сега ова… Немам коментар, не знам што ни се случува, сакам само да им се извинам на нашите верни навивачи кои дојдоа да ни дадат поддршка по фијаското во полуфиналето, а им се оддолживме со уште еден очаен меч, изјави Силва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.