Тие што не добиле решенија за изолација, да испратат мејл, порача ДЗСИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.

-Граѓаните кои од било која причина се уште не добиле решение за изолација, може да испратат e -mail, на следнава адреса: infodszi@zdravstvo.gov.mk, со точни лични податоци и информации за адресата и место на живеење, објави ДСЗИ.

ДСЗИ вчера издал 1.215 решенија за изолација и тоа во Скопје на 221 позитивни на Ковид -19 и на 152 нивни контакти, а во останатите населени места на 324 позитивни на Ковид -19 и на 518 нивни контакти.