Тигрицата во зоо-парк во Њујорк заразена со коронавирусот

(AP Photo/Jim Fitzgerlad, File)

Тигрицата штитеник на зоолошата градина во њујоршкиот кварт Бронкс се заразила со новиот вид коронавирус, објави во неделата Здружението за дивиот свет (Wildlife Conservation Society – WCS).

Американската сојузна држава Њујорк во моментов е епицентарот на епидемијата во САД. Вкупниот број заразени според последните податоци изнесува 122.031 човек, а на починатите 4.159 пациенти.

Експертите сметаат дека тигрицата била заразена од вработен којшто се грижел за неа. Притоа, веруваат дека кај него веројатно болеста била асиптоматска или во тоа време кај него немало очигледни симптоми на инфекција.

This undated photo provided by the Wildlife Conservation Society shows Nadia, a Malayan tiger at the Bronx Zoo in New York. Nadia has tested positive for the new coronavirus, in what is believed to be the first known infection in an animal in the U.S. or a tiger anywhere, federal officials and the zoo said Sunday, April 5, 2020. (Julie Larsen Maher/Wildlife Conservation Society via AP)

„Кај Надија, четиригодишната малајска тигрица, има позитивен тест на Covid-19. Кај тигрицата, нејзiната сестра Азул, два амурски тигра и три африкански лавa е забележанo суво кашлање и се очекува сите тие да закрепнат“, се наведува во објавата.

Истовремено кај уште еден амурски тигар, кој живеел непосредно до заразената тигрица, нема симптоми на болеста. Покра тоа, ветеринарните стручњаци тестирале и малајски тигар-самотник, два амурски тигра, како и леопарди, гепарди, пуми и сервали (африкански диви мачки – рисови) и заклучиле дека сите тие се здрави.

Организацијата преземала превентивни мерки за целиот персонал кој директно се грижи за животните, како и за другите големи диви мачки кои живеат во четирите зоо-паркови на мрежата WCS, се додава во објавата.

Агенцијата The Associated Press забележува дека ова прв познат случај на инфекција со коронавирусот на животно во САД, и воедно прв случај на зараза со Covid-19 на тигар во светот,

Претходно беше објавено дека според истражувањето на научниците од Хабринскиот научно-истражувачкиот институт за ветерина, мачките се подложни на Covid-19.

Претставник на белгискиот антикризен штаб за спречување на ширењето на коронавирусот кон крајот на март објави дека во Белгија бил регистриран случај на пренесување на вирусот од сопственикот на мачка. Втор случај на коронавирус кај мачка беше откриен во Хонгконг, а нејзиниот стопан бил хоспитализиран со Covid-19.

На 4-ти март експертите за здравјето на животните соопштија дека куче во карантин на жител на Хонгконг заразен со новиот сој коронавирус Covid-19, е веројатно првиот случај на пренесување на инфекцијата од човек на животно, иако случајот сѐ уште се истражува. Според направениот тест, песот бил „благо позитивен“ на вирусот, што означува ниско ниво на зараза, соопшти тогаш хонконшкото министерство за земјоделие, риболов и заштита на природната околина – AFCD.

На интернет страницата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), тогаш беше објавено дека дотогаш немало докази дека кучињата може да бидат заразени со коронавирус.