Тихановска го повика Макрон да посредува во Белорусија

Опозициската кандидатка на претседатеслките избори во Белорусија, Светлана Тихановска, го повика францускиот претседател Емануел Макрон, кој во понеделникот доцна попладнето треба да пристигне во посета на Литванија, да биде „посредникот кој очајни ни е потребен“ во решавањето на кризата во Белорусија.

„Очајно ни е потребно посредувања за да избегнеме натамошно крвопролевање. Макрон би можел да биде тој посредник со челниците на другите земји. Тој би можел да влијае врз (рускиот претседател Владимир) Путин со кој е во дробри односи“, и премногу драматично изјави Тихановска која пред изборите во Белорусија пребега во Русија, за денот на изборите се врати Минск а откако вечерта ѝ беа одбиени приговорите замина во егзил во Литванија.

Тихановска се надева дека ќе се сретне со Макрон во вторникот во Вилнус. Што се однесува до нејзиното барање францускиот претседател да влијае врз рускиот челник, тоа е малку веројатно во моментов, имајќи го предвид инцидентот со протекување на наводни детали од телефонскиот разговор меѓу Макрон и Путин и делот за наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, за што париски Le Monde вели дека стојат извори од Елисејскиот дворец. И Париз и Москва не ја потврдија автентичноста на наводите, но забележливо е заладувањето на односите.

Покрај тоа, руските државни медиуми, потсетија и на француското посредување (заедно со Полска и Германија) во кризата во 2014 година во Украина, кога шефовите на дипломатиите на трите земји во Киев потпишаа договор со тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович договор за уставни измени со кои ќе ги намали претседателските избори и распишување итни вонредни избори, а веќе следниот ден со оружје во украинскиот парламент беше направен преврат, беа избркани пратениците на тогаш владејачката Партија на регионите, а Јанукович сменет од должнсота.

„Ја баравме средбата (со Макрон) за која уште немаме потврда. Но се надевам дека ќе го сретнеме, можеби во вторник“, рече Тихановска додавајќи дека „таа прва средба со еден меѓународен челник би било важно признавње за опозицијата“.

„Макрон и Франција се познати посредници во многу случаи. Секако дека самите би сакале да се реши овој проблем, но гледаме дека стравотиите продолжуваат, дека белорускиот народ пати и дека власта не го започнува дијалогот. Макрон е еден од најмоќните челници во Европа и во светот и во најмала рака би можел да биде посредник“, повтори Тихановска.

Во неделата, пред заминување во Вилнус, Макрон побара јасно оставка од белорускиот претседател Александр Лукашенко, чија победа на изборите на 9-ти август по повеќе од еден и пол месец објавија дека не ја признаваат ЕУ и САД. Тихановска рече дека е „многу задоволна“ од таа изјава на францисиот претседател и дека сега очекува од Франција и ЕУ „конкретна поддршка“.

Лукашенко, пак, во неделата му возврати на Макрон дека доколку се придржува до „сопствените принципи“ кои му ги наметнува него, и како и оти и тој имал жена противкандидат, требало да си поднесе оставка уште во 2017 година кога во Франција започнаа седмичните протести на граѓанското движење Жолти елеци.

Во Белорусија и во неделата продолжија протестите против Лукашенко, со присуство на десетици илјади лица, според извештаите на странските агенции. Во понеделникот министерството за внатрешни работи објави дека со солзавец ратерала демонстранти и оти маскираните полицајци во возилата привеле 350 лица.