Тихановска го поздрави „мирниот преврат“ во Белорусија

Белоруската опозицска лидерка Светлана Тихановска порача во вторникоо дека во нејзината земја „во тек е мирен преврат и покрај репресијата“ со која власта сака да ги задуши протестите против претседателот Алескандр Лукашенко кого го обвинува за лажирање на претседателските избори од 9-ти август кога беше поразена од него.

Досега најмасовните протести против владеењето на Лукашенко, кој авторитарно управува со Белорусија од 1994 година, влегуваат во третата седмица. По првата седмица насилни протести, протестите се смирија, а секојдневните собири не привлекуваат толку народ на улиците освен преку викендите. Но опозицијата протестира дека властите преземаа репрезивни мерки и покрај ветувањата дека тие ќе престанат и потсетуваат на заканите од Лукашенко кој обвинувајќи ги западните земји за поттикнување на белоруските протести викендов се појави во униформа.

„Сега сме мнозинство. Мирната револуција е во тек. Ова не е геополитички преврат (…), ова е демократски преврат“, истакна Тихановска на англиски јазик, во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент кој беше пренесуван преку видое-врска.

„Мојата земја е во криза“, рече Тихановска, споменувајќи „апсења, исчезнивање и гинење на демонстранти… среде Европа“.

Во вторникот на нејзин повик во центарот на Минск се собрале околу 3.000 луѓе, додека околу 1.000 приврзаници на Лукашенко се собрало на дриго место во белоруската престолнина, извести AFP.

Протестите, за кои белоруските власти тврдат дека однапред се подготвувани однадвор, започнаа по соопштувањето на официјалните резултати на 9-ти август, според кои Лукашенко освоил 80 отсто од гласовите, а Тихановска 10 отсто.

Тихановска, која првично бараше пребројување на гласовите посебно во некои региони а подоцна и повторување на изборите сметајќи дека се лажирани, подоцна го истакнуваше барањето Лукашенко да отстапи од власта.

Сепак, во вторникот барајќи „слободни и чесни избори“ Тихановска рече дека е подготвена да „преговатра со властите“ и „да ја испита можноста за посредување на меѓународните организации“ со почитување на „белорускиот суверенитет“.

Околу посредувањето меѓу власта и опозицијата во Белорусија, претходно во вторникот во Москва разговараа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и првиот заменик на државниот секретар на САД, Стивен Биган. Како што објави руската страна, Вашингтон предложил сите надворешни фактори да го олеснат воспоставување на дијалогот меѓу двете страни во Минск, а од страна на Москва била изјавена поддршка, но со сомневање дека ќе се успее однадвор да им се наметне посредништвото на Белорусите, преферирајќи тие самите да ја утврдат формата за организирање национален дијалог.

Во вторникот, исто така, белорускиот Врховен суд го одбир барањето на Тихановска за поништување на резултатите од претседателските избори. ЕУ, пак, не ги признава тие резултати и најавува дополни санкции за белоруските функционери.