„Тиквеш“ исплати над 30 отсто од откупеното грозје

89
„тиквеш“

Со тоа винарницата ја исполни законската обврска која предвидува до 15-ти декември на лозарите да им бидат исплатени 20 отсто од откупеното грозје во тековната година.

Исплатувајќи ја првата рата пред определениот рок и над предвидениот износ со Законот, „Тиквеш“ и годинава покажува со каква сериозност и посветеност го градиме партнерскиот однос со лозарите, кои ни го предаваат својот род и чијшто приоритет е квалитетот на грозјето. Ова партнерство е еден од столбовите на потенцијалот на винарницата, континуирано да создава врвни вина кои ќе се носат со големите предизвици на висококонкурентните светски вински пазари. Ние ќе продолжиме да вложуваме во него и во иднина, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“ Игор Илиевски.

Тој додаде дека партнерството со производителите на грозје е една од стратешките развојни цели и определба на винарницата континуирано да обезбедува исклучиво висококвалитетно грозје за производство на врвни вина.

Оваа соработка со лозарите, физички и правни лица, како што рече, подразбира и стручни совети и нивна едукација за примена на современи агро-технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади, со што се креираат услови за производство на грозје со одличен квалитет.

На лозарите кои ги почитуваат насоките и упатствата, „Тиквеш“ им гарантира откуп на грозјето со висок квалитет и обезбедува дополнителен бонус при исплата на тоа грозје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.