„Тиквешки вински пат“: За 13 години обезбедивме над милион евра европски пари

Фондацијата „Тиквешки вински пат” за 13 години обезбедила над еден милион евра европски пари. Со средствата се реализирани многу проекти за развој на винскиот туризам во Неготино, Демир Капија и Росоман.

Според директорката на Фондацијата, Виолета Јанкова, отворен е првиот Музеј на виното, а веќе се креира и изложбен центар за вино, туризам и типични производи во Росоман.

-Тринаесет години работиме во функција на развој, пред се на винскиот туризам, но и на другите форми на алтернативен туризам. Поставени се патни ознаки кои на туристите им нудат прегледност околу тоа кој објект од сферата на нивниот интерес, каде се наоѓа. Отворивме Музеј на виното, туристички инфо центар, тренинг центар, направени се туристички тест тури, организирани се меѓународни конференции, форуми, дел сме од Итер витис како мрежа за европски културни патишта, имаме иницијатива за поврзување на балканските  вински патишта, рече Јанкова.

Таа најави и конференција за вински туризам во јануари, како и други активности