Тилерсон порача дека ИД допрва треба да биде трајно поразена

Крајот на воените операции против Исламската држава не значи дека САД и сојузниците трајно ја поразиле оваа милитантна групација, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во вторникот.

На состанокот на меѓународната коалиција против ултрарадикалната сунитска џихадистичка организација Исламска држава во Кувајт, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, исто така, рече дека САД одлучиле да обезбедат дополнителни 200 милиони долари помош за стабилизирање на „ослободените“ области во Сирија.

Тоа навестува дека Вашингтон нема намера да го прекине своето присуство на териториите коишто ги контролираат сириските сунитски бунтовници коишто ги спонзорираат САД и сунитските држави во регионот против армијата на владата на претседателот Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитскат (шиитска) заедница а ја има поддршката на Русија и Иран.

Неодамна по судирот на бунтовничките и коалициските сили со провладините сили во сириската покраина Деир-ез-Зор, руското министерството за одбрана изјави дека инцидентот покажал оти целта на САД во Сирија не е борбата против џихадистичката Исламска држава, туку „запоседнување и задржување на економските ресурси“, алудирајќи на нафтеното поле Кушам.

„Крајот на големите воени операции, не значи дека трајно сме ја поразиле Исламската држава. Таа останува сериозна закана за стабилноста на регионот, нашите татковини и другите делови на светот“, рече Тилерсон.

Милитантите кои ја загубија целата територија коишто од јуни 2014 година ја контролираа и се на работ на пораз во деловите во Сирија каде што дејствува коалицијата на САД, се обидува да освои територии во други земји во коишто се активни, предупреди Тилерсон.

„Не смее да се дозволи историјата да се повтори на друго место. Во Ирак и во Сирија, Исламската држава се обидува да се преобрази во бунт. Во земјите како Авганистан, Филипини, Либија, Западна Африка и други, се обидува да освои и обезбеди засолниште“, рече шефот на американската дипломатија.

Тилерсон велио дека е загрижен од неодамнешните насани во северозападна Сирија, каде што Турција од јануари покрена офанзива протви американските сојузници Курдите кои Анкара ги смета за голема закна за својата јужна граница, додавајчи дека е многу свесен за турските „легитимни безбедносни причини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.