Тимерманс ѝ испратил љубовно писмо на Британија

Велика Британија „секогаш ќе биде добредојдена да се врати“ во Европската унија, напишал во „љубовното писмо“ до Британците потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс“, пренесува во четвртокот весникот The Guardian.

„Бев длабоко повреден кога решивте да заминете. Но, исто така, ме теши помислата дека сите семејнии врски всушност никогаш не може да се прекинат“, напишал Тимерманс.

Потпретседателот на Европската комисија се присетува во дописот на своите училишни денови во британското училиште во Рим, истакнувајќи дека од тогаш Британија секогаш е дел од него.

„Сега заминувате и тоа ми го крши срце“, додава Тимерманс.

Британија ќе ја напушти Европската унија на 31-ви јануари, откако така беше решено со исходот од референдумот од 23-ти јуни 2016 година, откако овој рок првично назначен до 29-ти март годинава подоцна трипати беше одложуван. Потоа ќе следува преоден период од 11 месеци во текот на кој треба да се постигне договор за идните односи меѓу Лондон и Брисел.

Тимерманс изразува жалење поради тоа што Британија, која секогаш имаше поделени ставови за ЕУ, одлучила дилемата да ја разреши со референдумот.

„Тажно е што гледам дека тоа ви нанесува штета. Поделените ставови и натаму ќе постојат, дури и откако ќе заминете. Во тој процес ви се нанесени толку непотребни штети, како и на сите нам. А стравувам дека уште и ќе следат“, заклучува Тимерманс.